Симни ги гаќите и признај си
Во колевката на цивилизацијата, онаа како што ја знаат продавачите на магла во нашата ни напатена државичка, живот и поредок нема да дојде никогаш. Додека пустите странци ни ја уништуваат државата а ние вртоглаво и со запенети усти ја браниме, треба да си ги чукнеме тоа главите и да си кажеме, што тоа браниме. Ја браниме најмизерната економија во светот. Ја браниме најкорумпираната администрација во Европа. Го браниме најлошиот образовен, здравствен и судски систем. Го браниме системот каде еден процент рејтинг на политичарот, и селфи слика со лидерот, вовлекувањето во неговите гаќи, вреди повеќе од детски живот, згаснат по нашиве клиники. Браниме едно чудовиште каде што моралот е згазен од криминалци и каде што зборот, одговорност, го има само во програмите по кои слепо трчаме. Кога ќе се свртиме кон себе си? До кога ќе го храниме системот во кој високите елити живеат недопирливо на своето небо, а она што се нарекува правда, се спроведува врз сиромашниот и утепан народ?
Ивончето и нејзините секси гаќи од 500 евра, се само една мала точка од оној мозаик кој е поставен пред нас и сеуште го гледаме во бунило, бистриме политика и се честиме со клетви, додека горните ешалони, во таборите на политичари, новинари, судии, обвинители, ни продаваат пуфки и евтина комедија. Фрлениот леб кон сиротињата и дворските игри во овој наш мал ринг, се одамна се започнати. Продолжуваат и откако официјално обзнанија дека тука дошол животот. Сетете се на експресната судска пресуда за старчено кој една наша политичарка ја потегна за коса? Сетете се и на чедата на тие политичари кои се недопирливи за тие судови. Сетете се како лесно врви притворот на оние кои тој 27 Април понесени од емоции, нагон и тензија креирана од новинарине кои деновиве признаваат вина за затајување данок и се спогодуваат со оние во судот кои требаше да донесат правда нели…Сетете се на немањето анти-шок за анестезија по болнициве наши и на Ивона и сите чантурии и скапи кондури кои како деспоти влегуваат и излегуваат од судовите.
Додека вас ви ја продаваат приказната за одбрана на нашето многу вековно име, ние во државата со тоа име останавме последни лабораториски глувци, чии животи не вредат ништо. Останавме опашка на Балканот. И далеку е од нас гаќата на Ивона. Она може да ја соблече далеку од очите на обичниот народ и да се спогоди со големците. Кога гаќите ни ги соблакаат нам, обичните смртници, тоа завршува со длабока пенетрација во нас и суров звук на чеканот кој носи правда. Така е тоа во земјата каде во болниците умираат по 90 деца за 6 месеци и во која криминалците од седмото небо со едно признание и спогодба си одат слободно дома. Тоа се оние кои ги оштетија нашите буџети поради кои болниците ни станаа центри на смртта. Не се ни клетите шиптари, ни лошите Татари ни лошите Европјани.
Војната во Македонија трае и таа нема да запре во скоро време. Тоа е војната која овој систем и горните класи им го објавија на обичните смртници. Војната помеѓу оние кои купуваат живот по приватните болници и оние другите кои го оставаат по државниве клиники. Војна помеѓу оние кои добиваат слобода за украдени милиони и оние кои лежат за 200 ќебапи.Таа војна е во зенитот и ќе трае додека јавно не ја разобличиме. Се додека вождовите не фрлаат на меч, да гинеме едни со други за тие да можат да го подхрануваат системот во кој тие се богови, а ние обични смртници…
Автор: Булеварко

