25. ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КИЧЕВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО КУМАНОВО
В четврток со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура ,,Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија.
На оваа реномирана колонија којашто се организира во ,,Куќата на уметноста“ на локалитетот Кнежино (Кичево), на 25-тото издание (2018 година) учествуваа дваесетина уметници од земјата и странство. Делата во најголем број се слики работени во техниката масло и акрил на платно, но има и графики и скулптури. Колонијата е под покровителство на АД „Тајмиште“ – Кичево и во својата колекција има преку 900 дела. Претставувањето на 25-та Интернационална кичевска ликовна колонија во Куманово е дел од годишната програма поддржана од страна на Министерството за култура и ќе биде поставена за целиот период на времетраењето на Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата 2019“ ( до 15.10.2019).
Извор: Макфакс

