Првото издание на Балканскиот џез-фестивал „Пробудување“ собра музичари од Бугарија и од Република Северна Македонија во Ќустендил
Првото издание на Балканскиот џез-фестивал „Пробудување“ се одржа синоќа пред Уметничката галерија „Владимир Димитров-Мајсторот“ во Ќустендил, со музичари од Бугарија и Северна Македонија, јавува БТА.
Фестивалот го отвори градоначалникот Огњан Атанасов, кој изрази надеж дека манифестацијата ќе се развива и ќе стане традиционална.
Настапија Биг-бендот на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ во Бугарија, под диригентството на Михаил Јосифов, и Националниот џез-оркестар од Скопје, предводен од композиторот, аранжер и диригент Владимир Николов.
„На Балканот има извонредни музичари со типичен балкански карактер, кои му даваат посебна убавина на џезот“, изјави Јосифов, уметнички директор на фестивалот.
Манифестацијата се одржа под покровителство на бугарската претседателка Илијана Јотова и беше со слободен влез. Организатори се Народното читалиште „Пробудување 2020“ од селото Смоличано и Младинскиот центар во Ќустендил, со финансиската поддршка на бугарското Министерство за млади и спорт и на Општина Ќустендил.
