| |

КАТИМЕРИНИ: ГРЦИЈА ЈА ГУБИ БИТКАТА ЗА НАТАЛИТЕТОТ

Вкупниот број на смртни случаи во Грција во 2018 година го надминува бројот на раѓања веќе осма година по ред, според официјалните податоци на ЕЛСТАТ, кои покажуваат дека Грција ја губи битката за наталитетот, пишува електронското издание на весникот „Катимерини“.


Во 2018 година, имало 86 444 раѓања (45 686 момчиња и 42 867 девојчиња) и 120 297 смртни случаи, според податоците собрани од грчкиот завод за статистика. Бројот на раѓања се спуштил на најниско ниво од 1932 година, кога биле регистрирани 85 523 родени.

Грчкото население старее и опаѓа во последните години, поради нискиот наталитет и зголемената емиграција на младите луѓе заради бруталната финансиска криза.
Експертите предупредуваат дека до 2050 година населението на Грција ќе се намали за меѓу 800.000 и 2,5 милиони луѓе. Новата конзервативна влада вети дека ќе обезбеди помош од 2.000 евра за секое дете родено по 2020 година во земјата.



Слични Објави