| |

ЕК го одобри проектот „Европски лета“, предложен од бугарскиот европратеник Христо Петров

Европската комисија го одобри пилот-проектот „Summers of Europe“ („Европски лета“), кој предвидува организирање меѓународни летни образовни кампови за деца што живеат во сиромаштија. За проектот е предвиден буџет од 1,45 милиони евра, јавува БНР.

Иницијативата е на бугарскиот европратеник Христо Петров, познат како Ицо Хазарта, од либералната група „Обнови ја Европа“ во Европскиот парламент.

Проектот предвидува создавање европска мрежа на бесплатни летни кампови наменети за деца во ранлива положба.

Целта е на децата да им се овозможи пристап до спортски, културни и образовни активности, како и до креативни содржини и дружење со врсници од други земји членки на Европската Унија.

Слични Објави