Бугарската компанија „ЕндуроСат“ потпиша Меморандум за разбирање со француската „Аријанспејс“ во Париз
Бугарската компанија за производство на наносателити „ЕндуроСат“ (EnduroSat) и француската ракетна компанија „Аријанспејс“ (Arianespace) потпишаа Меморандум за разбирање во Париз, со цел да ги поврзат капацитетите за производство на сателити во голем обем со можностите за лансирање на најголемата европска ракета-носач, јавува БТА.
Документот беше потпишан во Елисејската палата, во рамките на Меѓународниот самит за вселенски прашања што се одржува во француската престолнина, соопшти „ЕндуроСат“ на Фејсбук.
На церемонијата присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и бугарскиот премиер Румен Радев.
Според најавите, „ЕндуроСат“ планира од 2029 година да ги користи услугите на „Аријанспејс“ за лансирање со ракетата „Аријан 64“.
„Нашата заедничка цел е конкурентен вселенски екосистем и стратешка автономија“, наведуваат од бугарската компанија.
„ЕндуроСат“ во март 2025 година отвори канцеларија во францускиот град Тулуз.
