Бугарската европратеничка Пенкова: Подобра инфраструктура за пониски цени на струјата
Бугарската европратеничка Цветелина Пенкова соопшти дека преговорите за Регулативата за електропреносните мрежи продолжуваат со цел да се постигне конечен договор до крајот на годината. Таа ја застапува позицијата на Европскиот парламент во преговорите со Советот на ЕУ и Европската комисија.
Во објава на Фејсбук, Пенкова наведе дека на седницата на Комисијата за индустрија, истражување и енергетика на Европскиот парламент, со која претседавала, ги информирала колегите за текот на преговорите.
„Нашата цел е јасна – Европа да располага со потребната инфраструктура за посигурен и подобро поврзан енергетски систем, кој ќе обезбеди пониски цени на електричната енергија“, истакна таа.
Според Пенкова, за остварување на оваа цел е потребно подобро планирање на европско ниво и насочување на инвестициите таму каде што се најпотребни и каде што ќе донесат конкретни придобивки.
„Нашата амбиција е да постигнеме конечен договор до крајот на годината, кој ќе одговара на потребите на европските граѓани и индустријата“, порача Пенкова.
