На 26 ноември 1878 година во Софија свечено било отворено првото бугарско воено училиште
На 26 ноември 1878 година во Софија било отворено и осветено првото бугарско воено училиште. Неговиот наследник, Националниот воен универзитет „Васил Левски“, го одбележува овој датум како свој официјален празник, јавува Актуално.
Училиштето било основано на 1 септември 1878 година во Пловдив, шест месеци по завршувањето на Руско-турската војна. Произлегло од воена единица за обука формирана истото лето, а во средината на ноември било преместено во Софија. Во него се школувале офицери за пешадијата, коњаницата, артилеријата и инженериските единици на бугарската војска. Во 1924 година училиштето добило статус на високообразовна установа.
Денес универзитетот има два факултета, во Велико Трново и во Шумен. Програмата за 26 ноември вклучува богослужба во универзитетскиот храм и воени церемонии. Својот патронен празник универзитетот го одбележува на 18 јули, денот на раѓањето на Васил Левски.
