ЦИПРАС: ЗАРАДИ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ГИ ИЗГУБИВМЕ ИЗБОРИТЕ
Потпишувањето на Договорот од Преспа е една од причините поради кои СИРИЗА ги изгуби парламентарните избори, потврдува поранешниот премиер и лидер на партијата Алексис Ципрас, како одговор на коментар на новинарот дека Договорот од Преспа бил една од причините што неговата партија ги загуби последните парламентарни избори во Грција.
Според Ципрас загубата дошла поради во главно, отровната пропаганда што се создаде околу договорот и популизмот на опозицијата.
Лидерот на СИРИЗА, говорејќи за неговиот четири и полгодишен мандат како премиер, рече дека лично за него е клучно што биле постигнати основните цели, иако некои биле со грешки и пропусти и додаде дека секој премиер има една криза, а тој имал три – финансиска криза, криза во националните прашања и бегалска криза.
