КУРЦ ПРЕДЛОЖИ ВИЕНА ДА БИДЕ ДОМАЌИН НА СРЕДБА СО ЦЕЛ НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ САД И ИРАН
Идниот премиер на Австрија Себастијан Курц, предложи во Виена да се одржи средба на високо ниво меѓу Иран и САД за намалување на тензиите во односите меѓу Вашингтон и Техеран.
Во интервју за Билд ам зонтаг Курц нагласи дека Виена е подготвена да биде место за спроведување можни преговори ако Иран и САД одлучат да водат дијалог.
Тој додава дека убиството на генералот Сулејмани е реакција на акциите на Иран и однесувањето пред нападот и подвлекува дека дипломатијата е единствен можен пат за решавање на несогласувањата.

