| |

ИРАНСКИ ПРАТЕНИК: ТРИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ОНОЈ ШТО ЌЕ ГО УБИЕ ТРАМП

Иранскиoт пратеник Ахмад Хамзех понуди награда од 3 милиони американски долари за оној што ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, објави иранската полуофицијална новинска агенција „Исна“.

„Во име на народот од провинцијата Керман, ќе му платиме три милиони долари во готово на оној што ќе го убие Трамп“, изјавил Хамзех пред парламентот, цитиран од „Исна“.

Хамзех не прецизирал дали одлуката да му се заканува на американскиот претседател Доналд Трамп ја донеле иранските верски водачи, напомнува „Ројтерс“.

Британската агенција посочува дека Керман е родното место на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад со беспилотно летало во близина на Багдад.



Слични Објави