| |

ПРИЛЕП-ПЛЕТВАР ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ-ТУТУНАРИТЕ НА ПРОТЕСТ

АМСМ испрати вонредно соопштение до возачите утринава.

-Патниот правец Прилеп – Плетвар од 10:05 часот е затворен за сообраќај – соопшти АМСМ.

Прилепските тутунари излегоа на протест блокирајќи го преминот кај Плетвар.

До Нова Година откупот и исплата на тутунот во прилепскиот регион течела нормално за од 1 јануари повеќе да не се откупува, а и оној кој се откупува да се откупува за класа пониско, што значи дека занчително е намалена откупна цена.

Тутунарите побараа да се зголеми откупната цената, сите откупните пунктови да проработат, да се исплаќа за фактичката класа на тутун.



Слични Објави