СДСМ ВЕТУВА: ПРАТЕНИЦИТЕ ИЛИ КИРАЏИИ ИЛИ САМИ ЌЕ СИ ГО ПЛАЌААТ ПРЕВОЗОТ
Секој пратеник што не живее во Скопје ќе добие на располагање стан од најмногу педесет квадратни метри во близина на Собранието, опремен наједноставно, со основни услови за живот за да може да живее во него додека ја обавува пратеничката функција. Бидејќи ќе добие стан, нему веќе нема да му следуваат пари за патни трошоци. Ако одбие да го користи станот даден на располагање, тогаш самиот пратеник ќе мора да си ги плаќа трошоците за бензин, патарини и одржување на возилото од местото на живеење надвор од главниот град до Собранието и назад.
Вака ќе изгледа мерката на СДСМ во изборната програма.
– Кога ќе обезбедиме парламентарно мнозинство, ова ќе биде првата мерка што ќе ја гласаме во Собранието. Ова ќе биде прва точка на дневен ред – вели за „Слободен печат“ висок функционер во партијата.

