КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА ОД КОЧАНИ КОИ НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛЕ МЕРКАТА ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА
Поднесени се кривични пријави две лица од Кочани кои не ја почитувале мерката за самоизолација. Досега против седум лица е покрената казнена мерка пред Основното јавно обвинителство.
Според информациите од општинскиот Кризен штаб, и двете лица при влез во државата на граничните премини потпишале изјава дека ќе бидат во самоизолација, но по неколкуте проверки, полициските службеници не ги нашле во нивните домови, по што им е поднесена пријава.

