|

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПОТВРДИ ДЕКА ДЕТЕТО ШТО ПОЧИНАЛО НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА НЕМАЛО КОРОНАВИРУС

Седумгодишно дете починало на Универзитетската клиника за детски болести, потврдуваат од Министерството за здрасвтво откако беше поставено новинарско прашање на прес-конференцијата на министерот на здравство, дали на детето посмртно му било земен брис за корона вирус.

Од Клиниката велат дека двата бриса биле негативни и дека детето немало симптоми на новиот вирус.

„На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус. Едниот брис бил земен кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата -теста биле негативни на КОВИД-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус“, се вели во соопштението.



Слични Објави