НИКОЛОСКИ ТВРДИ ДЕКА ИМА ДОКАЗИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЛУЃЕ ОД ВРВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека има сериозни докази дека некој го следи врвот на партијата и нивните семејства. Николоски додава дека се сомнева дека некој може да ги уништи доказите.
ВО МВР не се води никаква постапка по овие обвинувања, потврди министерот Наќе Чулев. Во телефонски разговор за ТВ24 гарантира постапување по закон, но со резерва околу постапувањето во БЈБ, каде што директорува Сашо Тасевски.
Во ланецот сомнежи и обвинувања кои Николоски ги искажа јавно, ТВ24 направи неколку телфонски разговори со засегнатите институции. Сите гарантираат постапување согласно законите, без привилегии и исклучоци .
Не само што се сомнева дека некој ги следи првите луѓе на опозицијата, Николоски е убеден и дека се прислушувни телефонски. Обвинува и за параструктури од институциите кои ги собираат податоците . Првиот човек на ОТА отфрла каква било злоупотреба на системите за следење на комуникациите. Се работи само по судска наредба, невозможно е да се вклучи број без наредба бидејќи веднаш се вклучува алармот кај надлежните комисии.

