| |

СОПСТВЕНИЦИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО ПРИЛЕП СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ГИ ОТВОРАТ СВОИТЕ ЛОКАЛИ

Над 80 угостителски објекти во прилеп со 500 вработени наголемо се подготвуваат да ги отворат ресторантите пицериите кафичите и летните тераси по строгите владини мерки поради ковид 19, јавува Канал 5.

Од Здружението на угостители велат дека сите објекти се дезинфицираат . А, се прави нова распределба на масите и столовите за се запази растојанието.

Тоа пак одзема простор, така што вкупниот капацитет за над 5000 посетители во кафичите ресторантите пицериите и во другите објекти посетители ќе биде намален на близу 2500.

Во ублажување на финансиските потешкотии кои произлегоа од дваи пол месечното не работење велат од здружението помогнале и локалните власти.

Прилепските угостители тврдат дека ќе се спроведат и сите правила за соодветна заштита кои ќе бидат доставени од страна на надлежните здравствени институции. Носењето на заштитни маски и на персоналот и на гостите ќе биде задолжително.



Слични Објави