|

ВРАБОТЕН ВО ЗАТВОРОТ ВО ОХРИД СО ДЕНОВИ ОДЕЛ НА РАБОТА ИАКО ИМАЛО СОМНЕЖ ДЕКА Е ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19

Вработен во затворот во Охрид кој десетина дена бил заболен од Ковид-19 со денови одел на работа иако имал сериозни причини да се сомнева дека е носител на вирусот, брифираат извори во затворот кои се гневни на неодговорниот и криминален однос на колегата, јавува Експрес.

Тој во деновите за кога е извесно дека бил заразен имал комуникација со огромен број колеги и затвореници поради што во затворот во Охрид владее паника.

Засега во затворот не се вршат тестирања за Ковид19 иако здравствените власти имале сознанија за можен заболен во затворот.

Слични Објави