| |

„Меѓаши“ бара истрага за претепувањето на ученичката во Неготино

Првата детска амбасада „Меѓаши“ бара Министерството за образование и наука да покрене истрага за овој настан, да утврди степен на одговорност и да се преземат мерки вакви случаи да не се повторат.

„Во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Неготино две ученички брутално тепале и влечеле за коса нивна соученичка и тоа во присуство на други деца кои набљудувале и соучествувале. Не се важни причините за овој брутален чин, но застрашува фактот на неконтролирана агресија од страна на децата врз свои соученици, што е резултат пред се на затајување на воспитанието во семејството, а веднаш потоа и затајување на воспитно образовниот процес во училиштето.Очекуваме Министерството за образование и наука т.е. министерката Рената Десковска да покрене истрага за овој настан, да утврди степен на одговорност и каде потфрлил целиот наставен кадар, дежурни наставници, педагози, психолози, кои треба да работат на превенција на насилството и мора да имаат постојан увид за тоа што се случува во училиштето и училишниот двор“, се наведува во реакцијата од „Меѓаши“.

 

Слични Објави