НАМАЛУВААТ ПРИХОДИТЕ ОД ДАНОЦИ И АКЦИЗИ ВО БУЏЕТОТ
Приходите во буџетот се намалени за 13,9 проценти во однос на истиот период лани и изнесуваат 14,2 милијарди денари, соопштуваат од Министерството за финансии.
Кај даночните приходи се бележи пад кај ДДВ-то од 14,3 проценти, кај акцизите од 25 проценти, данокот на добивка од 28,9 проценти и персоналниот данок на доход од 10,4 проценти.
Единствен раст е забележан само кај увозните давачки од 7,9 проценти.
