| |

НА ПРЕМИНОТ ОД СТАРАТА ВО НОВАТА ГОДИНА: 35 НОВИ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ОД КОМПЛИКЦИИ СО КОВИД ВО СКОПЈЕ

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство, во денешната статистика за состојбара во ковид-болниците во главниот град. Со тоа, вкупниот број на лицата сомнителни и потврдени за ковид -19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 348.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на ОРЛ, а три лица се примени на ТБЦ.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 нови приеми на пациенти, додека на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 15.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Моментална состојба
На Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 17, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 22 пациенти со симптоми на коронавирусот, додека во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти.

Клиниката за очни болести има 8 пациенти, а на ОРЛ 7 и на Клиниката за Гастроентерохепатологија 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 92 пациенти со компликации од ковид, на Клиниката за инфективни болести 122 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 133 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.



Слични Објави