(Видео) Коридор 8: Стоп за домашното насилство- Биди храбра!
Во најновата 55 епизода на македонско-бугарската седенка „Коридор 8“ главна тема беше домашното насилство и како да се бориме против истото.
Гости во емисијата беа Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во Скопје и иницијатор на кампањата „Стоп за домашното насилство-Биди храбра!“, проф. д-р Аспазија Софијанова педијатар, директор на Универзитетската клиника за детски болести и Митана Стевковска, правник и активист во борбата против семејното насилство.

