РОТ: МИРНОТО РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОПРЕЧУВА
Германскиот министер за европски работи, Михаел Рот, изрази поддршка за преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Атина и повика на мирно решение, без пречки. Рот кој зеде учество на денешниот совет за надворешни работи на ЕУ, изјави дека Унијата е готова да даде секаква поддршка за решение на името. Министерот за европски работи на Германија додаде дека надминувањето на овој проблем ќе донесе стабилност и мир во целиот регион.
