АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ, АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ПАК ЌЕ ТРЕБА ДА ДОКАЖУВААТ КЛЕВЕТА
Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата по тужбата за клевета и навреда против ексразузнавачот Слободан Богоевски, која ја поднесоа Али Ахмети и Муса Џафери, дознава „Макфакс“.
Aпелација ја укина пресудата за Слободан Богоевски, Ахмети и Џафери пак ќе треба да докажуваат клевета –
Судиите од второстепениот суд предметот со насоки за натамошно постапување го вратиле на повторно судење. Тоа значи дека првите луѓе на ДУИ од почеток во граѓанскиот суд во Скопје ќе мора да докажуваат дека Богоевски ги наклеветил и дека со тоа им нанел штета на честа и угледот, пишува Макфакс.
Ахмети и Џафери го тужат Богоевски за навреда и клевета за неговото сведоштво пред Окружниот суд во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“. Како отштета во овој процес Ахмети побаруваше 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари, но подоцна се откажаа од исплата на паричниот надомест како отштета и бараа извинување.
Според сведочењето на Богоески за Њујоршкиот суд, пак, вкупно 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиерот Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.
Американската Комисија за хартии од вредност го отвори за јавноста исказот на Богоевски во постапката што се водеше против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи, пред судот во Њујорк.
Извор: еМагазин

