|

Колку ЕУ поблиску, толку нервозата поголема…

Facebook статус на Никица Корубин

Дојдовме до насилна фаза, на варварско однесување. Но, чуди тајмингот. Зошто сега, кога за среќа ваков напад немаше кога хистеријата беше на својот врв, хранета и негувана. Кога сите беа на “браникот на идентитетот”, на конструкции од минатото. Сега се тивки. Не чувствуваат вина. Не им е грижа. Не разбираат или се прават дека не разбираат колку е ова ужасно лошо за нас самите, како луѓе, како општество. Колку е лоша нашата примитивна, насилна порака. Нашата потврда на форсираното и наследено антибугарство. Или не чуди тајмингот? Многу опции за решение “се вртат”, па потребно е малку да се забават.

И не е ова порака до Бугарија, ниту до Бугарите во Северна Македонија. Ова е порака до ЕУ. Ова е порака до сите нас, кои тежнееме кон функционално, нормално и европско општество. Сите сме колатерална штета. На последната битка за нормализација. Која очигледно ја водат поединци. Лесно, според денешните реакции и нивниот наратив, ќе се види, кој и колку е за ЕУ.

„Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина“, се вели во реакцијата.„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин“, соопшти МНР.

Тешки денови ни следат. После сета манипулација, хистеризација, конструкции, негувана и ширена омраза, само насилството беше “потребно” за сликата да се комплетира. Вчера во дебатна емисија велеа: “нема антибугарство кај нас, па не го запалија културниот центар во Битола”. Е па сега го запалија. Иронија или нешто друго? Барем на потешкиот начин дознавме дека денес требало да има средба. И ова беше чувано од очите јавноста. Односно “јавноста” го чуваше од нас, граѓаните. Што уште не знаеме, а мислевме дека знаеме? За почеток, знаеме дека насилството не е прифатливо, ниту вербалното, ниту физичкото.



Слични Објави