АКО ОБОЖАВАТЕ ПАЛАЧИНКИ ПРОБАЈТЕ ГО ОВПОЈ РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

200гр.- брашно
1- лажица шеќер
1- лажичка прашок за пециво
1/2- лажичка сода бикарбона
1/4- лажичка сол
2- јајца
250мл.- млеко
3- лажици зејтин

Подготовка…

Во еден длабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте ги. Во друг длабок сад ставете ги јајцата, млекото и зејтинот и убаво изматете ги….јас матев со жица за матење.
Смесата со јајца постепено додавајте ја во сувите состојки и за цело време матете. Треба да добиете полугуста, мазна смеса. Оставете ја да отстои 3-5 минути.

За тоа време ставете едно мало тавче за палачинки да се загрева на рингла на умерена температура. Јас палачинките ги печев во малата тава за пржење од Делимано. Откако ќе се загрее тавчето ставајте по една кутлача од смесата да се печи. Печете од едната страна се додека да испукаат сите меурчиња кои ќе се појават на површината на тестото, па потоа свртете и од другата страна да се испечи. Внимавајте температурата на ринглата да не е превисока.

Од оваа смесе мене ми излегоа шест палачинки. Послужете ги топли со прилог по желба. Кај мене се со чоколаден прелив подготвен од нутела и млеко, и уште една доза со мед и овошје.

За палачинките да ви бидат успешни треба да внимавате температурата на која ќе ги печите да биде средна, умерена за да му дадете доволно време на тестото да нарасне.

 

 

Слични Објави