| |

АЛБАНСКИ ХАКЕР ДЕЛ ОД ГРУПА ШТО УКРАЛА ПОВЕЌЕ ОД 500.000 ЕВРА

Албанските истражители му се приклучија на меѓународен истражен тим за да откријат мрежа на хакери што успеале да украдат 504.000 евра. Тие се сомневаат дека 28-годишниот албански државјанин е дел од мрежата, на што укажувале одредени траги, пренесува порталот „Репортери“.

Како што се наведува, по него се трагало по серија активности извршени од Бугари и Германци, кои посочуваат дека младиот Албанец е одговорен за измама и има улога во плаќањето за домени, веб-страници и ИТ-инфраструктура.

Мрежата на измамници функционирала на тој начин што најпрвин стекнувале доверба кај жртвите на кои им било ветувано дека ќе тргуваат со акции и криптовалути на веб-страници што биле претставени како криптопазари. Кога жртвата ќе се регистрирала на платформата давајќи идентитет и телефонски број, сторителите ќе ја контактирале предлагајќи ѝ да инвестира во мали износи со ветување дека брокерот ќе вложи голема валута.

Извор: Макфакс

Слични Објави