„АЛО МАФИЈА“ ВО МАКЕДОНИЈА: ВОЗРАСНА ЖЕНА ДАЛА 122 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ НА ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ ЗА ДА НЕ ОТИДЕ ЌЕРКА И ВО ЗАТВОР

Непознато лице измамило 85-годишна жена во Скопје. Тој ѝ се јавил, се претставил дека е командир и ѝ кажал дека ќерка ѝ  прегазила човек и за да не оди во затвор, измамникот ѝ побарал пари.

loading...

Според информациите на МВР, вчера во Полициската станица Бит Пазар, 85-годишна жена од Скопје пријавила дека во четвртокот била измамена од едно лице.

Според пријавеното, околу 11.30 часот на телефон ѝ се јавило лицето и се претставило дека е командир на полициска станица. Како што пријавила таа, лицето ѝ кажало дека нејзината ќерка со возило прегазила девојче кое починало и дека ако сака може да ѝ помогне да не оди во затвор, а за возврат треба да му даде пари.

Исто така, според пријавеното, оштетената дала вкупно 122.000 денари на лицето кое дошло до нејзината врата, а во 20 часот кога се слушнала со нејзината ќерка заклучила дека била измамена.

loading...


Се работи на расчистување на случајот.