АРБЕР АДЕМИ НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ АКО АЛБАНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОД 20%

Пратеникот на ДУИ и поранешен министер за образование и наука ја поткопа довербата на граѓаните во процесот на попишување на населението со скандалозна изјава.

loading...

Арбер Адеми во вчерашното гостување на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 порача дека доколку на пописот има помалку од 20% Албанци во државава, тогаш тој нема да ги признае резултатите.

„Дали може како министер за образование да споделам еден податок? Бројот на ученици во 2017/18 година е 121,272 Македонци, односно 64,22%, а 60,709 Албанци, односно 32,15%“, порача Адеми, нагласувајќи дека нема да признае попис на кој албанското население во Македонија е под 20%.

Опозицијата веќе подолго време предупредува дека законто за попис не задоволува ниту еден меѓународен стандард, а владеачката ДУИ ќе има право на вето преку врзан попис доколку партијата „не биде задоволна од резултатите“.

loading...


Неодамна, првиот човек на „Левица“, Димитар Апасиев обвини дека на државата со пописот на населението ѝ се подготвува етнички инженеринг, односно дека постои договор албанското малцинство да изнесува 28,5%, иако во реалноста резиденти се околу 18%.