АВМУ БАРА ИНФОРМАЦИИ КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО 1ТВ

//

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како регулатор има започнато постапка за утврдување дали е прекршена законската одредба која забранува тајно содружништво во телевизијата 1ТВ и за да ја утврди фактичката состојба се обраќа до релевантни државни органи кои би можеле да имаат информација од значење за постапката.

Во тој контекст, посочуваат од АВМУ, е изјавата на директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски во емисијата „Код“ кој јасно посочува дека се чека одговор од МВР за да се утврди вистинитоста на добиените сознанија.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го повикува МВР меѓуинституционалната соработка и транспарентноста кон јавноста да не ги етикетира како ширење дезинформации. Агенцијата се обрати до МВР за да ги провери сознанијата дека на лицето Бојан Јовановски му било доделено обезбедување како на сопственик на 1ТВ. Како што и е познато на јавноста, регулаторот има започнато постапка за утврдување дали е прекршена законската одредба која забранува тајно содружништво. За да ја утврди фактичката состојба, Агенцијата се обраќа до релевантни државни органи кои би можеле да имаат информација од значење за постапката, се вели во денешното соопштение од АВМУ.
Во овој контекст, велат од Агенцијата, е и изјавата на директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски во емисијата „Код“ којшто јасно посочува дека се чека одговор од МВР за да се утврди вистинитоста на добиените сознанија.

Најефикасниот начин за борба против дезинформации и лажни вести е проверката на факти. Токму затоа, се додека не ја затвори постапката, Агенцијата ќе продолжи да бара информации од надлежните институции. Што се однесува до информацијата побарана од МВР, се надеваме дека таа ќе ни биде доставена со истата брзина со којашто беше изготвен вчерашниот демант, се додава во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.





Претходна статија

ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА КОЧАН ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

Следна статија

КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР „ИВАН МИХАЈЛОВ“ ОД БИТОЛА ВО СМИЛЕВО ЈА ОДБЕЛЕЖА 116-ТАТА ГОДИШНИНА ОД ИЛИНДЕНСКО-ПРЕОБРАЖЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Најново од Вести