Автокефалистите повторно се поразени…
Извор: Religija.mk
На девети мај оваа 2024 година поминаа две години откако МПЦ-ОА стана канонска црква и по 55 години Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ја тргна шизмата, што политичи и национал-шовинистички СПЦ ја наметна во 1967 година. Денес владиците на МПЦ-ОА, благодарение на историската одлука на Фанар можат да сослужуваат со сите канонски автокефални цркви во светот, јавно без притоа да се кријат. Добар дел од владиците на МПЦ-ОА таквиот бенефит ревносно го користат, но и добар дел од сестринските помесни цркви изминатове две години продефилираа низ македонските цркви и манастири.
Канонското единство, односно одлуката на Вселенската патријаршиија да ја врати МПЦ-ОА, како Охридска Архиепископија, во единството со останатите помесни цркви беше триумф над шовинистичката политика на Црковен Белград. Она што на сите им беше јасно, но никој не се осмелуваше да го верификува, го направи Вартоломеј. Патријархот на Константинопол, кој и покрај сериозните притисоци од надвор, а особено од внатре во самата Вселенска Патријаршија, реши да му соопшти на православниот свет дека српската шизма е политички, националистички и империјалистички мотивиран потег, а не канонски пропуст. Токму тоа се обидуваше МПЦ-ОА пет децении да докаже, но никој не сакаше јавно да се соочи со реалноста, иако тајно голем дел од православните цркви го знаеја мотивот на проблемот. Но, Вартоломеј не калкулираше со својот рејтинг, не балансираше со своите неистомисленици… Вартоломеј ја реализираше својата мисија на која одлучи одамна да и служи, односно да ги реши нерешливите црковни проблеми во канонската јуриздикција на црквите што ја добија токму од Вселенската патријаршиај во годините пред тоа.
СПЦ, црква од која се одвои МПЦ-ОА уште пред повеќе од 77 години, беше сосема свесна дека процесот на историскиот расплет на црковното прашање неминовно води кон нејизнио авткефално решение, одлучи да не се противи на тој прцес, туку да успее да го придобие кон својот црковен интерес. Така се случи чинот на издавање Томос за авокефалност, нешто што досега во историјата на Православната црква е непознат потег.
Иако многумина тој чин од пред две години го толкуваа како дел од процесот за конечно решение на македонскиот црковен спор, кој требаше да финишира со канонски исправиниот потег за издавање Томос за автокефалност од Вселенската патријаршија, сепак развојот на настаните ги искомплицираа работите.
Денес, две години подицна, МПЦ-ОА, односно нејзиниот Поглавар, Синодот, Владиците воопшто не се сетија да искажат барам јавна благодарност што, истите тие владици, денес можат слободно да се рашетаваат низ помесните цркви, токму благодарение на одлуката од 2022 година од Вселенската патријаршија. Иако МПЦ-ОА би требало тој девети мај да го слави како ден на нов почеток, како ден на нејзин триумф на вистината, таа денес бега од тој настан како Ѓавол од Крст. Но, затоа МПЦ-ОА ги слави велелепно придобивките од тој чин, кои иако се лажни, за нејзините владици се чин рамен на Воскресението Христово.
Целосниот напис прочитајте го во religija.mk

