„Беса Транс“ продолжува со организирање тури, инспекторите не направиле вонреден надзор

/

Инспекторите за транспорт и по речиси три недели откако се случи автобуската несреќа во Бугарија, во која животот го изгубија 45 лица – не успеале да направат вонреден инспекциски надзор во агенцијата Беса Транс, која ги превезуваше патниците, бидејќи сопственикот не бил достапен.Откако ова вчера го изјави директорот на Инспекторатот за транспорт, Руфат Хусеини, тој денеска за ТВ 24 вели дека доставиле писмен допис до агенцијата со датум и време на вршење на инспекцискиот надзор.

„Вонредниот инспекциски надзор не е извршен бидејќи седиштето на Беса Транс беше затворено. Новиот надзор согласно Законот за инспекциски надзор е закажан со писмен допис до Беса Транс. Исходот дали ќе се изврши надзорот зависи од тоа дали доставата ќе биде успешна. – вели Руфат Хусеини – директор на Инспекторатот за транспорт.

Агенцијата „Беса Транс“ пак продолжува со организирање тури од јануари. ТВ 24 се јави на телефонскиот број на агенцијата и од таму ни одговорија дека со турите за Истанбул продолжуваат од јануари, но се уште немаат точни датуми за екскурзиите кои ќе ги организираат.



Целиот текст можете да го прочитате тука

Претходна статија

Проф. Павлов: Русија нè провоцира со св. Климент Охридски, за да се конфронтираме со РС Македонија

Следна статија

Во тек е голема полициска акција во Скопје, запленети 200 килограми дрога

Најново од Вести