БИЗАРНО: КОШАРКАР НА МАЈАМИ СЕ ОНЕСВЕСТИЛ ОД ПРЕМНОГУ – ГУМЕНИ БОМБОНИ!

Кошаркарот на Мајами, Дион Вејтерс утринава не играше против Лос Анџелес лејкерс во „Стејплс центарот“ и тоа поради неверојатно бизарна причина.

Вејтерс наводно се онесвестил во авионот откако изел премногу гумени бомбони. Соиграчите го разбудиле кога авионот слетал во Лос Анџелес по што кошаркарот добил епилептичен напад, потврдуваат американските медиуми.

Тешко дека ќе слушнете по бизарна причина за неиграње на еден кошаркар на натпревар од оваа.

Извор: Спорт1