| |

БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ВО СВЕТОТ НАДМИНА 58 МИЛИОНИ

Бројот на заразени со коронавирус во Светот надмина 58 милиони.

Лошите бројки и растечки нови случаи има на сите континенти во моментов. Некои земји со денови веќе бележат рекорди на новозаразени, но и починати лица.

Утрово во Хрватска беа регистрирани нови 3.753 случаи, а починаа уште 47 лица.

Во Словенија, пак, во последните 24 часа беа регистрирани 1.690 нови случаи, додека 31 лице ја загуби битката со Ковид-19.

Во Бугарија бројката е 4000 лица.

Канадскиот премиер Џастин Трудо соопшти дека болничкиот систем во земјата е ред колапс, со новиот бран на заразени со коронавирус.

Русија бележи рекорд на новозарзени – 24.822 во еден ден, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

Додека се чека вакцината, Кина соопшти дека еден милион жители на нивната земја ја примиле експерименталната вакцина.



Слични Објави