Бројот на заболени од Ковид-19 порасна на 8.000
Во претходното деноноќие, според информациите од министерството за здравство, биле регистрирани нови 677 случаи од 3.317 тестирања, односно позитивни биле околу 20 отсто од тестираните, 13 лица починаа, а регистрирани се 517 оздравени пациенти. Од новите случаи случаи најмногу се во Скопје – 279, потоа следат Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, а во другите градови се под под 30 заразени.
Во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле хоспитализирани се 21 дете заболено од ковид-19, а од нив две се на кислородна поддршка. Хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006. Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3.728, следи Битола – 548, Куманово – 399, Прилеп – 380, Велес – 357, Кавадарци – 341, Штип – 238, Кочани – 224, Охрид – 200. Во другите градови има под 200 активни случаи.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози се опфатени 46 отсто од граѓаните. Во однос на аплицирањето вакцини на целата популација, вакцинирани се 39 отсто, а две дози вакцина примиле 37 отсто од популацијата. Трета доза вакцина примиле над 43 300 граѓани.
Според светската статистика, досега со коронавирусот се заразиле над 251 милион жители, починале над пет милиони, оздравеле повеќе од 227 милиони луѓе.