МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ ВО ИНДИЈА- ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА МАЧНИНА И ПАЃААТ ВО НЕСВЕСТ

//

Официјални лица во Индија ја испитуваат причината за неидентификувана болест поради која едно лице почина, а повеќе од 220 се хоспитализирани за време на викендот.

Пациентите во областа Андра Прадеш, имале широк спектар на симптоми од гадење до нервни напади и несвестица, велат лекарите, пренесува Би-Би-Си, наведувајќи дека многу од хоспитализираните се опоравиле и биле брзо пуштени дома.

Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови за коронавирус, на кои сите биле негативни.

Медицински службеник во Државната болница во градот Елуру за Индијан Експрес рекол:



„Луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат откако се пожалија на воспалени очи. Некои од нив се онесвестија или претрпеа грчеви на мускулатурата“, објаснил тој.

Здравствените власти соопштиле дека анализата на крвта на болните не покажала постоее на вирусна инфекција.

„Ние ја исклучивме контаминацијата на водата или загадувањето на воздухот како причина откако официјалните лица ги посетија областите каде што луѓето се разболуваа. Тоа е некоја мистериозна болест и само лабораториска анализа ќе открие што е тоа“, изјавил министерот за здравство на Утар Прадеш.

Претходна статија

МЗ: СЛОБОДНИ СЕ ОКОЛУ 180 БОЛНИЧКИ КРЕВЕТИ, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛЕГЛА

Следна статија

СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА КАРИЕРАТА НА УНГАРСКИОТ ПОЛИТИЧАР КОЈ БЕШЕ ФАТЕН ВО ОРГИЈА

Најново од Вести