| |

„Бугарски фестивал“ во Токио ја претставува бугарската традиционална кујна и производи

Од вчера до 2 септември во јапонската престолнина Токио се одржува првиот „Бугарски фестивал“, чија цел е да ја доближи бугарската кујна и бугарските традиционални производи до јапонската публика, информира дипломатското претставништво на Република Бугарија во Јапонија.

Посетителите имаат можност да пробаат специјално подготвено мени од популарни бугарски јадења, создадено од бугарката Људмила Костова-Јошида, која веќе 35 години живее во Токио.

На штандовите со бугарски производи можат да се дегустираат и купат банички, ракија, мастика, вино, газирана розова вода, вафли, мед, розова вода, слатко од рози, чај од роза, ленено масло, бугарско кисело млеко и други производи.

Фестивалот се реализира со поддршка на Амбасадата на Бугарија во Токио и се одвива во локален маркет во квартот Шињуку. На свеченото отворање на 27 август присуствуваа амбасадорката Мариета Арабaџиева, дел од персоналот на амбасадата, како и претставници од раководството на трговскиот објект.

Слични Објави