Бугарскиот атлетичар Сарабојуков се врати со бронза од Европското првенство во Бирмингем
Бугарскиот атлетичар Божидар Сарaбојуков се врати во Софија со бронзен медал во скок во далечина од Европското првенство во Бирмингем, јавува 24 часа.
„Многу сум среќен што повторно се враќам со медал. Тоа покажува постојаност“, изјави Сарабојуков, кој пред последниот обид бил четврти и морал да скокне повеќе од 8,18 метри за да стигне до подиумот.
Тој оцени дека натпреварот бил особено тежок поради студеното време и силниот спротивен ветер. За победникот Милтиадис Тентоглу рече дека заслужено го освоил златото и дека покажал поголемо искуство и сигурност.
Сарабојуков смета дека веќе има доволно бодови за пласман во финалето на Дијамантската лига. По три-четири дена одмор, тој ќе продолжи со настапите, а меѓу главните цели до крајот на сезоната ги посочи финалето на Дијамантската лига и World Athletics Ultimate Championship.
