| |

Бугарскиот патријарх Неофит назначи свештеници од Софија во црквата „Свети Николај Чудотворец“

Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Неофит, назначи свештеници од Софија , кои ќе се грижат за храмот „Св. Николај Чудотворец“ во бугарскиот главен град. Наредбата на патријархот Неофит е со денешен датум и е во согласност со вршењењето на неговите овластувања како митрополит софиски, во чија епархија се наоѓа т. нар. Руска црква.

„Светата софиска митрополија гарантира дека ниту еден дел од имотот на црквата нема да биде изгубен или оштетен. Како и досега, верниците ќе можат да се поклонат пред моштите на свети Серафим Софиски и да молат за неговата милостива помош и поддршка.

Дејството на Неговата Светост е диктирана од грижата за верниците, зачувувањето на добриот ред во Црквата и треба да се сфати само во нејзиниот духовен аспект. Тоа не влијае на стварните или другите права на кого и да било, како што му се загарантирани со секуларните закони.

Сите други прашања од секуларна правна и административна природа поврзани со случајот ќе бидат разгледани на редовниот состанок на Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, објави Светата софиска митрополија на својата веб-страница.

Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Неофит го информирал Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за преземените дејствија во посебно писмо.

Неговата Светост очекува помош од Амбасадата на Руската Федерација во Софија за отворање на храмот и продолжување на неговиот благословен живот, кој игра важна улога во духовното воздигнување на православните христијани.

Пред да ги преземат своите должности, свештениците беа примени од Неговата Светост во зградата на Светата Митрополија Софиска, кој ги благослови и им ги даде своите совети во извршувањето на претстојните обврски.

Слични Објави