(Видео) Ќустендилското село Шишковци беше домаќин на 11-тото издание на фестивалот „Балкански черга“.
„Балканска черга“ е фестивал за фолклор, занаети и традиции, организиран од Борислав Крумов. Годинава имаше учесници не само од Србија и Македонија, туку и од Грција, кои уште еднаш докажаа, макар и само во три дена, дека границите меѓу балканските народи се вештачки.
