Српската невладина организација СПОНА споделува текстови во кои пишува за новокомпониран македонски јазик, расколничка македонска црква и Куманово како симбол на Стара Србија
За време на Титова Македонија голем број Срби станале Македонци, бил воведен „новокомпонираниот македонски стандарден јазик“ од Блаже Конески, а во 1967 г. се создала „расколничката македонска“ црква за да се воспостави полесно македонската нација. Овие тврдења стојат во напис потпишан од Светислав Игоровиќ, објавен на Facebook страната на српската невладина организација СПОНА во РС…
