ПРЕД 21 ГОДИНА БЕШЕ ПОТПИШАНА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЈАЗИЧНИОТ СПОР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА
Денеска се навршуваат 21 година од потпишувањето на Декларацијата за решавање на јазичниот спор меѓу Македонија и Бугарија. Декларацијата беше потпишана за време на официјалната посета на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија. Според текстот на Декларацијата, Бугарија го признава постоењето на македонскиот јазик на територијата на Македонија, но не и на бугарска територија….
