НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА И ЛОША ХИГИЕНА ВО ОХРИД, СТРУГА И ДОЈРАН
Во скоро секој втор угостителски објект во Охрид, Струга и Дојран храната не е безбедна, а хигиената е лоша. Ова е поразувачкиот резултат по вонредната инспекциска проверка која Агенцијата за храна и ветеринарство ја изврши низ трите туристички градови од 5-ти до 11-ти јули. Проверката опфатила 128 хотели, ресторани, пицерии, кафе-барови, сендвичарници, пекарници, ќебапчилници, бурекчилници,…
