-
-
ПО ВТОР ПАТ НАМАЛЕНА КАЗНАТА НА ПИЈАНИОТ ВОЗАЧ ШТО ЈА ПРЕГАЗИ ФРОСИНА КАЈ УНИВЕРЗАЛНА САЛА
Апелациониот суд ја намали казната на 3 години затвор за 29-годишниот Љубиша Видојковиќ, кој во април 2015 година, на пешачки премин кај Универзална сала ја прегази студентката Фросица Цековска, пренесува Телма. Првично, Кривичен суд го осуди на 6 и пол години затвор, но Апелација го врати процесот и ја поништи пресудата. (Повеќе)
-
МАКЕДОНЕЦ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 5 ДОКТОРИ ВО БУГАРИЈА
Македонецот Борче Николовски кој потекнува од Демир Капија и работи како кардиолог во Бугарија е избран меѓу најдобрите пет лекари при интернет гласање на бугарските пациенти. Во изборот за „достојни лекари”, овој 32 годишник се најде на третата позиција. Како што пишуваат бугарските медиуми, проектот е со цел да се врати довербата во луѓето со…
-
ДЕСКОСКА: ИВАНОВ НЕ МОЖЕ ДА ПОМИЛУВА
„Постојат две причини поради кои не може да се води постапка за помилување од страна на шефот на државата“, вели министерката за правда, Рената Тренеска-Дескоска. „Прво, постапката може да се води единствено преку Министерството за правда, со оглед дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во нашето Министерство. Избришан е членот 11 од…
-
ЕМОТИВНО ВИДЕО НА НАНЧЕ: ТУКА ЌЕ СЕ РОДИ ПАРКОТ НА ПРЛИЧЕВИТЕ БЕСЕДИ!
Кандидатот за градоначалник на Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче од листата на Граѓанско Демократска Унија, на својата официјална facebook страна објави емотивно видео за споменикот на Григор Прличев и најави дека ќе го направи најубавиот парк , парк на прличевите беседи! „Е мој Григоре Прличев… Кај ти е местото? Овие зборуваат за реновирање на плоштади кои се…
-
ПЕНДАРОВСКИ: ДА ИЗЛЕЗЕМЕ МАСОВНО НА ГЛАСАЊЕ ЗА ДА ГИ ОТВОРИМЕ ВРАТИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на трибина со граѓаните на Карпош, повика на масовна излезност на престојните избори за да продолжи напредокот на земјата и широко да се отвора вратите на Европската унија. „Тргна рааботите, се решија најтешките прашања, сега патот е чист, да продолжиме напред. На 21 април и на 5 мај, на…
-
СЕ ОГЛАСИ ГРУЕВСКИ ПО СМРТТА НА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ
После смртта на актерката и поранешен градоначалник на Кисела Вода Билјана Беличанец, на Фејсбук се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски.
-
КОМЕМОРАЦИЈА ЗА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО КИСЕЛА ВОДА
Комеморација по повод смртта на прерано починатата поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец ќе се одржи денес, 08.04.2019год, понеделник, со почеток во 15:00 часот, во новоизградениот Дом на културата КВК во општина Кисела Вода.
-
К. ЈАНЕВА: БУЏЕТОТ НА СЈО НАЈМНОГУ ГО ТРОШИМЕ НА ВЕШТАЧЕЊА
Во интервју за дневниот весник „Независен“ обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева појаснува дека поголемиот дел од буџетот за Обвинителството се троши на вештачења. Јанева вели дека со новиот закон буџетот останува ист и никој не може да влијае врз истиот. „Сметам дека ресурсите и во Јавното обвинителство ќе бидат подобрени, има многу проекти…
-
СДСМ: СИЛЈАНОВСКА ИСТО КАКО МИЦКОСКИ, ИВАНОВ И ГРУЕВСКИ НЕ САКА ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ЕУ
Гордана Сиљановска, исто како Христијан Мицкоски, зборува секој ден дека Република Северна Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ, во јуни. Исто како Мицкоски и Сиљановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ. Јасно е, Сиљановска е против напредокот на земјата. Нејзините желби, како оние на Мицкоски, Иванов и Груевски, нема…
