А да го вратиме султанот?!
Ердоган се јави од братска Анкара и кажа „Ние секогаш ќе стоиме позади Македонија“, кажа и уште нешто, а имено дека за нив (Турците) „нема разлика меѓу Анкара и Скопје“. Ваква изјава да дојдеше од братска Софија, сета сексуална моќ на „патриотската“ армија од ботови и недоветни ќе се активираше во одбрана на Татковината, ама…
