Не плачи мамо, да спечалам и ќе се вратам дома!
Скопје 2013 година… Неплатени сметки собираат прашина, работа нема, очајот расте… Непрекинато се бара излез од затекнатата ситуација. Огласи за работа на интернет, огласи по весници, распрашување по пријатели… „Се бара конобарка…“ Конобарка?! Оф мори мајко како ли да работиш кај такви, факултетски образуван а тој што го пишувал огласот не ни го знае македонскиот…
