Бугарскиот маратонски пливач Цанко Цанков го преплива Ла Манш за девет часа и 21 минута
Бугарскиот маратонски пливач Цанко Цанков го преплива 35-километарскиот проток Ла Манш меѓу Велика Британија и Франција за девет часа и 21 минута. Информацијата на Фејсбук ја објави неговиот менаџер Николај Илиев, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа. „Неверојатно тешко пливање без прекин во водите на Атлантскиот Океан. Цанко е добро, и покрај гребаниците и крвта…
