Концерт за виолончело и пијано вечерва на Охридско лето, рускиот виолончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева
Целовечерен концерт во рамките на музичката програма на фестивалот Охридско лето, вечерва, во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот, ќе имаат рускиот виолончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева. Кирил Родин е роден во Москва. Учи во музичката школа „Гнесин“ по што следуваат студиите на Московскиот конзерваториум во класата на Наталија Шаховскаја….
