-
-
СЕ УРНА ФРАНЦУСКИ ВОЕН ХЕЛИКОПТЕР ИМА ЗАГИНАТИ
Француски воен хеликоптер Кугар за време на тренажен лет денеска се урна во Пиринеите, при што двајца загинаа, а пет лица се повредени, јави дописникот на МИА. Хеликоптерската несреќата се случила околу 16 часот и 30 минути по локално време, на околу 22 километри североисточно од Тарб. Повредените се хоспитализирани во Тарб и во Тулуз.
-
ПОТЕРНИЦА ПО БУГАРСКИ ПРАТЕНИК, ПОВИКУВАЛ НА КРШЕЊЕ НА КАРАНТИНОТ
Лидерот на бугарската партија Атака, пратеник и некогашен шеф на парламентарна група во Бугарскиот парламет се бара со потерница. Сидеров е со обвинение дека јавно повикувал на кршење на карантинот и организирање масовно присуство на верниците за Велигден. Доколку сака да се брани од слобода, по приведувањето тој ке мора да плати 25 000 евра…
-
(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО МУ КАЖА ЕДНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МАКРОН
Синдикатот на медицинските работници во Франција објави видео како францускиот претседател Емануел Макрон се расправа со медицинска сестра од болница во Париз, само неколку дена пред да признае јавно дека Франција не била подготвена за справување со епидемијата со коронавирусот. На видеото може да се види како Макрон ѝ вели на медицинската сестра: „Во право…
-
МОМЧЕ НА 23 ГОДИНИ ПОЧИНА ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА
До редакцијата на ЦИВИЛ Медиа стигна информација дека пред околу еден час во притворот во Шутка почина момче на 23 годишна возраст. Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ за ЦИВИЛ Медиа ја потврди оваа информација. „Се работи за момче на 23 годишна возраст, кое е во притвор од декември минатата година“, изјави Рахиќ…
-
(ВИДЕО) РУСКИТЕ ВЛАСТИ ОБЈАВИЈА НОВА СНИМКА ОД КАТАСТРОФАЛНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО МОСКВА
Нова вознемирувачка снимка од авионска незгода што случи во Русија минатата година, беше објавена денеска кога руските власти го обвинија капетанот на авионот за небрежност. На 5 мај 2019 авионот „сухој суперџет 100“ во текот на летот бил погоден од гром. Поради тоа дошло до дефект на електрониката во леталото кое се упатило назад кон…
-
СРБИЈА: МОМЧЕ ОТИШЛО ДА ФРЛИ ЃУБРЕ, ГО ИЗРЕШЕТАЛЕ ОД ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ !
Момче на возраст од 24 години, додека излегувало да фрлали ѓубре пред својот дом, на Баново Брдо во Белград е изрешетано од возило во движење со неколку куршуми, по што со тешки повреди е префрлено во болница. Според српските медиуми Немања П. е погоден во стомакот, колкот и бутниот мускул и се наоѓа на реанимација…
-
ВО ВЕЛЕС ПО ВЕЛИГДЕН, ПРИПАДНИЦИ НА АРМ ЌЕ ГИ КОНТРОЛИРААТ ВЛЕЗОВИТЕ НА БАНКИТЕ ПОШТАТА, МАРКЕТИТЕ И ГРАДСКИОТ ПАЗАР
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција информираше за заклучоците донесени на денешната осма седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, меѓу кои и дека идниот вторник по Велигденските празници пред банките, поштата маркетите и Градскиот пазар во Велес за да се спречат гужвите од граѓаните ќе контролираат припадниците на АРМ, во…
-
КОЈ ГИ ТРУЕ КУЧИЊАТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС?
Здружението за унапредување и заштита на благосостојбата на животните „Дејзи Фемили“ извести дека во последниов период, поконкретно откако стапи на сила полициски час на територијата, забележан е зголемен број труења на бездомни животни, но и на кучиња со сопственици. Се работи за расфрлање на отровот Метомил попознат како „Ланате“, на повеќе јавни површини во повеќе…
-
ТУР ДЕ ФРАНС ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД 29 АВГУСТ ДО 20 СЕПТЕМВРИ
Годинашното издание на велосипедиската трка „Тур де Франс“ ќе се одржи од 29 август до 20 септември, јави дописникот на МИА од Париз, пренесува ТВ 24. Поаѓањето ќе биде на 29 август од Ница и пристигнување на 20 септември во Париз. Новите датуми на „Тур де Франс“ се официјализирани од Меѓународната унија за велосипедизам. Првичниот…
