ГУВЕРНЕРКАТА НА НАРОДНАТА БАНКА И МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ НА ФОРУМОТ НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА НА „ЕУРОМАНИ“
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска ќе учествуваат на еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите – Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. На настанот редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители…
